Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Петров во „Само вистина“: И премиерот и амбасадорката порачаа за уставните измени да не се собираат партиски поени

Ако се гледаат изјавите на претседателот на Владата околу уставните измени и изјавата што ја даде вчера американската амбасадорка, контекстот е идентичен, односно дека уставните измени се во интерес на земјата, рече функционерот на СДСМ, Андреј Петров во гостувањето во „Само вистина“. Според него и Ковачевски и Агелер истакнале дека не треба уставните измени да се политизираат и да се користат за собирање партиски поени, туку дека треба да се мисли за интересот на земјата.

-Ништо не му нанесува штета на македонскиот народ, туку ќе има придобивки, бидејќи вратите за ЕУ ќе бидат отворени и се руши тезата за еден народ во две држави. Што со тоа реално губиме ние Македонците? Да не се политизира нешто само за политички поени, рече Петров.

Според луѓето имаат право да бидат гневни кон бугарската политика, но, како што вели, не треба да не интересира што другите прават, туку да видиме каков е нашиот интерес.

-Губиме ли нешто од внесот на Бугарите во Уставот? Без некој да политизира нека го објасни ова некој на јавноста, кажа Петров.

Можеби ќе ве интересира

Убиство ја потресе Македонија: Пронајдено безживотно тело на маж со прострелна рана од огнено оружје

ДЕСК

ЛИЦА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО КАРПОШ ПРИ КОНТРОЛА НА НОЌНИ КЛУБОВИ: Жестока реакција на Независниот синдикат на полицијата

ДЕСК

Полицијата упадна во повеќе кафичи и казина во Карпош – Има приведени и уапсени

ДЕСК