Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Штетите од блокадите се во милиони евра и непроценлива психичка тортура врз скопјани – Кој ќе ги обештети граѓаните и бизнисите?

Организаторот на скопските блокади е познат на полицијата и ги пријавил во институциите, па така граѓаните и бизнисите се знае каде ќе може се обратат за огромните штети, кои ги трпат, а како што дознаваме достигнуваат милиони евра генерално за бизнис секторот на дневно ниво.

Се доцни на работа, на училиште, на лекар – Граѓаните нервозни не го одобруваат ваквиот начин на блокада.

Како што претходно објавивме дел од компаниите кои што мможат да си го дозволат тоа, работата ја префрлија од дома со цел да ги намалат загубите, но оние кои транспортираат добра низ градот или зависат од физичко присуство трпат неверојатни штети.

Најпогодени се компаниите кои оперираат низ Центар, Аеродром, Кисела Вода…

Од друг аспект видно нервозни се возачите низ Скопје, кои деновиве не може да ги завршат ниту приватните обврски.

За прв пат за штетите од ваквиот настап на приватните превозници проговори и Ристо Пенов, министер за локална самоуправа кој најави и можно насилно тргање на автобусите.

„Не можам да кажам кои мерки ќе ги преземеме, но ја следиме таа ситуација, непријатна е. Преголема штета трпат граѓаните заради, можам да кажам, некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Ние, одејќи накај Струмица, едвај излеговме од Скопје. Непотребно. Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат или тие што мислат дека им го креираат проблемот. Вака, штетата ја плаќаат граѓаните, секој по половина час најмалку во денот вози повеќе, троши гориво, се губат работни часови, бизниси, што е огромна штета за граѓаните“, рече Пенов.

Дали е зголемен број и на сообраќајни незгоди?

Според познавачите допрва треба да се утврдува дали блокадите се можеби и виновни за поголемиот број на сообраќајки низ главниот град. Луѓето брзаат, не може да стигнат никаде и тука е нервозата, невнимателноста, а се прави неверојатно огромна гужва во делот накај Капиштец, Козле..

Деновиве на секој чекор гледаме полесни и потешки сообраќајни несреќи низ главниот град.

Анализите дали зголемениот број на несреќи низ Скопје се поради блокадите, допрва ќе се прават.

Спонзорирано: