Centar.mk
КУЈНА

Идеја за брз и евтин ручек: Сите состојки ги имате дома

Вечната дилема е што да се направи за ручек, а условите се тој да биде вкусен, здрав и брзо подготвен.

Тестенините се секогаш добар избор, а во продолжение ви пренесуваме рецепт кој сигурно ќе ви се допадне.

Состојки:

  • половина dcl. маслиново или сончогледово масло
  • 100 гр кромид
  • 1 мала лажица сол
  • 100 гр моркови
  • 30 гр магдонос
  • 1 чешне лук
  • 200 гр брокула
  • 200 гр шампињони
  • 1 пиперка
  • 200 гр домати
  • малку слатка пченка
  • малку пиперка
  • 300 гр тестенини

Подготовка:
Во маслиновото масло додадете ситно сечкан кромид, посолете и пржете/варете 5 минути. Додадете ситно сечкан преостанат зеленчук и зачини и продолжете со динстањето следните 10 минути, покријте со 1,5 dcl вода и продолжете уште 5 минути. Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето и измешајте ги во садот.

Послужете веднаш топло, посипете со малку пармезан по желба.

Послужете со вашиот омилен пијалок. Пријатно!

Можеби ќе ве интересира

Го одмрзнувате месото на маса? Еве зошто тоа не е добра идеја

ДЕСК

Сите ја прават оваа грешка: Вака јагодите ви скапуваат за еден ден

ДЕСК

Тајна за совршено крцкави компири: едноставен трик што го користат професионалци

ДЕСК