Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тупанчески-Маленица во Загреб: Хрватска преку своите искуства ќе го помогне евроинтегративниот процес на Македонија

Зајакнувањето на билатералната соработка помеѓу Македонија и Хрватска во делот на правосудството како и градењето на капацитетите за водење на преговорите во делот на Поглавјето 23: „ Правосудство и темелни права”, беа главните теми на кои во Загреб разговараа министерот за правда Никола Тупанчески и министерот за правда и администрација на Хрватска, Иван Маленица.

На средбата се разменија мислења за прашања преку кои нашата држава може да извлече практични и корисни искуства од Хрватска значајни за евроинтегративниот процес.

„ Хрватска е добар пример за следење во однос на исполнувањето на конкретните задолженија во правосудството за зачленувањето на нашата држава во Европската Унија.Поглавјето 23 е едно од најобемните и сложени поглавја, а брзината и времетраењето на преговорите во оваа област дирекно влијаат врз напредокот на преговарачкиот процес”, рече Тупанчески.

Хрватскиот министер Иван Маленица посочи дека во наредниот период ќе се интензивира соработката и дијалогот меѓу двете држави во насока на наоѓање решенија базирани на европските вредности.

На средбата се разговараше и за искуството на Хрватска за ветингот во правосудниот систем,сузбивањето на организираниот криминал и корупција, како и за имплементацијата на билатералните договори меѓу двете држави и закондавната агенда. Тупанчески и Маленица имаа свои обраќања и на Загребско-скопскиот колоквиум кој се одржа на Правниот факултет во Загреб.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +