9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОР

Герасимовски: Општина Центар е на врвот по транспарентност, а на дното по непродуктивни трошења

Посветено и ефикасно работење, градење мостови на доверба и пријателство преку редовна комуникација со граѓаните се начелата кои Општина Центар ја ставија на врвот на финансиската транспарентност кај граѓаните во изминатите 12 месеци.

На вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски изјави дека во измината година со вработените во општината градат систем во кој граѓаните добиваат одговори на поставените прашања и постапки на сите поднесени барања.

„Јас верувам дека Центар како јадро на градот, но и државата, мора да биде пример за добро управување, одговорност и блискост со граѓаните. Сите вработени во општината треба да се пријатели на граѓаните на Центар, луѓе од доверба на кои тие може да им се обратат за секој проблем или грижа“, изјави Герасимовски.

Герасимовски напомена дека нова приказна во општината се промените во однос на отчетноста и одговорноста во управувањето со парите на граѓаните. Во изминатите 12 месеци, Општина Центар е на врвот по финансиска транспарентност и на дното по однос на непродуктивни трошоци или трошоци за репрезентација.

„Јас како градоначалник имам 0 денари расходи за кафеани и репрезентација, а средствата ги пренаменивме за финансиска поддршка на граѓаните. Секој денар од буџетот е наменски потрошен земајќи ги предвид клучните приоритети за граѓаните“, изјави Герасимовски.

Тој напомена позитивните промени во општината се должат на редовните отворени денови во општината и достапноста на вработените за граѓаните. Воедно Општина Центар е единствена општина која при креирање на буџетот ги вклучи граѓаните и организираше серија трибини под мотото „Заедно одлучуваме“.

„Јас како градоначалник имам редовни средби во маалата и урбаните заедници, но тоа го прават и вработените и раководителите. Со овој пристап, за една година службите значително ја подигнаа ефикасноста, а услугите се подобрени. Ова е новата приказна во која верувам и која граѓаните ја препознаваат и позитивно оценуваат“, рече Герасимовски на вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“.

Спонзорирано: