24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Врие по комитетите на ВМРО ДПМНЕ, се бара одговорност од Мицкоски – Им бега членството во Левица и другите партии?

Врие по комитетите на ВМРО ДПМНЕ, особено на локално ниво, каде националистички настроеното и тврдо членство и симпатизери на опозициската ВМРО ДПМНЕ се разочарани од неумешноста на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се спротистави на политиките на власта и да обезбеди она што го ветуваше – а тоа се предвремени избори, раскинување на Преспанскиот договор, нов попис, расчистување со ДУИ…., пишува Вести+.

Сознанијата на Vestiplus.mk велат дека се работи за сериозна бројка на симпатизери на ВМРО ДПМНЕ која преминува во Левица, членство кое за себе вели дека се разочарани од одлуките на високи функционери на ВМРО ДПМНЕ да го наречат Преспанскиот договор како завршена работа, да не направат речиси ништо при договорот со Бугарија и за крај да останат изманипулирани дека наскоро ќе има предвремени избори, фраза која веќе две години ја повторува Христијан Мицкоски.

Многумина од овие довчерашни членови на опозицијата му замеруваат на Мицкоски што постојано ги следи постапките на Апасиев, наместо тој да води, тој е воден од друг… затоа не ја бива работата, велат тие.

Од друга страна солидна бројка на членови кои пак сметаат дека единствен пат на Македонија е оној европскиот пат преминуваат во владејачките партии, особено во СДСМ. Некои веќе делуваат независно, а има такви кои се уште се во партијата и се на високи раководни функции, но негодуваат на анти-европското однесување на Мицкоски.

Му замеруваат што не се оградува од Никола Груевски кој ја влече партијата надолу, со оглед дека се работи за човек кој избегал од правдата, осуден е, но и уште му се суди. Згора на тоа е и на црната листа на САД.

Целиот текст прочитајте го на Вестиплус.мк.