Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

МОН: недозволиво е насилство во училиштата, заедно да продолжиме да градиме мирна и хармонична училишна средина

Министерството за образование и наука ја поздравува одлуката на градоначалникот на општина Градско за разрешување на директорот на основното општинско училиште каде беше утврден случај на врсничко насилство.

Ја охрабруваме локалната самоуправа да продолжи и да ги интензивира активностите за градење на мирна и хармонична училишна средина во која секое дете ќе може да го достигне својот полн потенцијал. Ова всушност е порака и до сите општини и училишни менаџменти во државата, бидејќи насилното однесување меѓу младите не смее да биде опција.

Осудуваме секакво насилство во и надвор од училиштата и во таа насока, заедно со Министерството за внатрешни работи, единиците на локалните самоуправи, училиштата, странските партнери и граѓанските организации, во континуитет работиме на подигнување на свеста кај младата популација за потребата од толерантно однесување и надминување на конфликти без насилство.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ЕВРОПСКИТЕ МЕРКИ – Пакетот опфаќа компании и лица поврзани со руската воена индустрија

ДЕСК

СУДЕЊЕТО НА РИСТОВ ПРОДОЛЖИ СО ДОКАЗИ – Наодите на одбраната ќе се разгледуваат дополнително

ДЕСК

ПОТВРДЕН ПЕТТИ СЛУЧАЈ НА МОРБИЛИ – Институтот проверува дали заразените се поврзани

ДЕСК