12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Петкова: Сè уште нема разрешница за скандалот со 10-месечното бебе во Гевгелија

„Скандалот со 10-месечното бебе во градинката во Гевгелија, кое доби тешки повреди и гребаници за време на дневниот престој во градинката, не добива соодветна разрешница. Но, затоа власта е силна на зборови, па упатува обиди за замолчување на јавноста, со опомена пред тужба. Политичката одговорност со СДСМ на власт стана мисловна именка, а нивните претставници немаат никакво чувство за морална одговорност“, рече на денешната прес-конференција Ангелина Петкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката вели дека „директорката во чиј мандат се случуваат неколку скандалозни инциденти не чувствува вина за настаните. Напротив, обвинува за навреда и клевета и се заканува со тужби“.

„Јавно ја прашуваме директорката Елизабета Стефановска што презеде за да се надминат последиците од скандалот со 10-месечното бебе и, второ, дали се вистинити тврдењата дека пред одреден период истите одговорни негувателки, кога таа е директорка, заборавиле заклучено дете во тоалетот. Воедно, сведоци сме дека извештајот што го изнесе Министерството за труд и социјална политика на чело со Тренчевска е пристрасен и заштитнички кон сторителите на ова дело“, вели Петкова.

Таа тврди дека „изговорот оти станувало збор за детска игра меѓу 10-месечно бебе со негови врсници е крајно навредувачки, пред сè, кон родителите на детето, но и пред јавноста“, па затоа ја повика министерката Тренчевска „да ја разреши директорката Стефановска и да побара одговорност од сите вклучени во овој случај“.