23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

SLOW WINE 2022- Вински салон во Битола на 3 декември 2022

Во сабота, (3 декември) во најопеаниот град во земјата, Битола, од 17- 23 часот, на големата сцена на Центарот за култура, ќе се случи четвртото издание на SLOW WINE 2022- Вински салон Битола.

Целта на овој настан е претставување на новата винска сцена во Македонија, која ја новиот бран од преку 70 млади винари што носат свежина, енергија и смела визија за нивните семејни винарии. Слоу Фуд Македонија избра фина селекција од винари и вина кои ќе ги претстави на ова издание на салонот. Со кренати чаши и полни со ентузијазам – ги носиме младите винари буквално на сцена, под светлото на рефлекторите каде ја имаат главната улога. Со тоа се најавуваат квалитетни и разновидни дегустации на 200 етикети на вино и дестилати, како и бројни деликатесни производи.

И овој вински салон ја продолжува својата мисија – да презентира и промовира нови производители на вино, кои ќе понудат дегустација на вина направени со страст. На овој начин во континуитет се гради винската култура во нашиот регион, се едуцира за значењето на поднебјето и секако се создаваат нови херои на винската сцена. Продолжуваме онаму каде што застанавме на последното издание на салонот.

Сите што минатата година биле присутни на овој вински салон, велат дека истиот не треба да се пропушти.

Повелете во Битола, да им дадеме подршка на малите семејни винарии!