Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мерките за заштеда на електрична енергија даваат резултат во одбраната – за третина намалена потрошувачката на струја

Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија изминатите два месеци целосно се придржуваат кон мерките за штедење на електрична енергија, а резултатот може да се види преку заштедата од 27 проценти за октомври и 28 проценти за септември споредено со истите месеци минатата година.

Вработените во одбраната и Армијата покажаа високо ниво на свесност за потребата од ефикасност во користењето на електричната енергија, за што е донесено и Упатство за намалување на потрошувачката на електрична енергија кое се однесува на сите вработени и сите армиски припадници. Ова Упатство предвидува детални чекори кои даваат резултат, односно пропишува начин на управување со системот за греење и ладење, ефикасно проветрување на просториите, ефикасно осветлување, правилно користење на канцелариската опрема и редовно одржување и чистење на клима уредите. Упатството е јавно и транспарентно објавено на веб – страницата на Министерството.

Придонес кон ефикасното користење на енергијата и енергенсите имаат и чекорите кои се преземени за зголемување на енергетската ефикасност на објектите на Армијата. Завршени и во тек на реализација се голем број на активности за целосно реновирање на 13 објекти и сместувачки капацитети, градежен зафат кој ја менува сликата за објектите во кои работат припадниците на Армијата. Гасификацијата на касарните во Петровец и во Куманово е при самиот крај, а во моментов се работи на целосна реконструкција на објекти во касарната во Штип каде е сместена и нашата НАТО единица.

Министерството за одбрана ќе продолжи со заштеда на електрична енегрија која е неопходна за стабилност на енергетскиот систем.

Можеби ќе ве интересира

Митева до Каранфилова Пановска: Ширите лажни вести и хистерија во врска со Алта Банка за ова треба да одговарате

ДЕСК

АМСМ СО УТРИНСКИ ИЗВЕШТАЈ – Влажни коловози, без подолги задржувања на границите

ДЕСК

НАД 467 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОРОДИЛНО ВО ОКТОМВРИ – ФЗО ги објави исплатите за последните четири месеци

ДЕСК