11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Одржана јавна расправа за Нацрт верзијата од Стратегијата за реформа во јавната администрација 2023-2030

Презентирање на новата Нацрт – Стратегија за реформа на јавната администрација (2023-2030) и дискусија за истата, беше целта на денешната јавна расправа во организација на МИОА со поддршка на Регионалната школа за јавна администрација(Респа).

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити рече дека активно се работи на реформите, за обезбедување модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација, со квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти.

,,Свесни сме за важноста на реформата на јавната администрација, која согласно новата Методологија за пристапни преговори со ЕУ, за првпат конкретно се дефинира како област опфатена со процесот и е дел од првиот Кластер-Основи, кој е од суштинско значење за динамиката на преговорите во целина“, рече министерот Алити.

,,Имајќи предвид дека тековната Стратегија за реформа на јавната администрација е во последната година од имплементацијата, со цел продолжување на процесот на реформата на јавната администрација во нашата земја, Владата се обврза на развивање и донесување на нова осумгодишна Стратегија од 2023 до 2030 година, со веќе обезбедена експертска поддршка од страна на СИГМА и РЕСПА“, додаде министерот.

Притоа земени се предвид наодите и препораките согласно меѓународните документи, а денешната јавна расправа претставуваше можност да се слушнат размислувањата и сугестиите на учесниците и да се дадат коментари и предлози.

,,Министерството ќе продолжи со јакнење на интер-институционалната соработка, како и соработката со сите засегнати страни, посебно со граѓанскиот сектор и меѓународните организации бидејќи реформата на јавната администрација, како долгорочен процес, зависи од сите нас“, рече министерот Алити.

Спонзорирано: