Според Џелал Хоџиќ од Агенција за остварување на правата на заедниците и претседател на СДА, правичната и соодветната застапеност е една од работите кои ги следи Агенцијата .
-Се покажува подобрување, но со едно ниско темпо. Ние како Агенција на нашите партицпативни форуми, преку кои на една страна ги седнуваме невладините критички организации на помалку бројните заедници, а од друга страна претставниците на институциите. Разговараме за битни теми за помалку бројните заедници. Тука вадиме заклучоци и ги даваме дали до Влада, дали до соодветни министерства.
-За балансерот се имаме веќе поодамна изјаснето – дека тој за жал е нефункионален во повеќе основи. Едната е дека луѓето кои сакаат да дојдат до работа некогаш го злоупотребуваат моментот и се изјаснуваат онака како што им одговара, а се со цел да дојдат до работата. За да нема недоразбирања, балансерот дава предност помеѓу два еднакви кандидати и една заедница која недостига во администрацијата. Принципот на правичната и соодветната застапеност го поддржуваме, но балансерот покрај оваа маана има и друга маана.
-Јас сметам дека има една методолошка маана, затоа што тој се спушта на институција. Имено, многу често во одредени помали институции кога ќе го внесете калкулаторот и баласнерот ви вади момент дека треба да се вработи, на пример одреден Македонец, а ние гледаме според бројките дека бројката на Македонци, и според минатиот и според овој попис е превработена, вели Хоџиќ и додава дека со Министерството имаат комуникација и стојат на располагање за да се најде начин сите засегнати страни да најдат начин за еден поефикасен механизам.
Хоџиќ говореше на тема „На чија услуга е балансерот“
На панелот се отворија прашања во однос на балансерот при вработување на административни службеници, а во контекст на процентуалната застапеност на етничките заедници во земјава, (зло)употребата на алатката, и можни решенија како што е понатамошното функционирање, но со поинаква регулација, или отстранување на истата.
Панелот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“ кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Министерството за надворешни работи и европски политики на Големото Војводство Луксембург.
Дамјан Варошлија
Камера: Александар Ризински
Реализација: Ариан Мехмети
извор: Civilmedia.mk