11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Средба Тренчевска-Рана: Воспоставувањето на соработка помеѓу Северна Македонија и Индија, ќе донесе придобивки за граѓаните на двете држави

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со Н.Е Амбасадорот на Индија, Санџаи Рана, со седиште во Република Бугарија.

На средбата се разговараше за областите на соработка кои можат да се воспостават помеѓу двете држави, социјалната и детска заштита, работните односи, невработеноста, пензискиот систем и миграцијата.

Министерката Тренчевска го информираше амбасадорот Рана, за социјалната реформа која се спроведува од 2019 година и која донесе бројни придобивки за ранливите категории на граѓани, како и антикризните мерки кои значат поддршка за лицата на кои помошта им е неопходна во време на криза.

Таа информираше и за подготовката на новиот Закон за работни односи, кој е во финална фаза , а е во насока на унапредување на работните односи, законско решение кое се креира со вклученост на сите релевантни актери во општеството.

Амбасадорот Рана, иницираше соработка помеѓу двете држави во областа на работните односи, односно склучување на декларација за соработка во областа на трудот, за граѓаните на двете држави.

Индискиот амбасадор изрази поддршка за интегративниот процес на нашата земја во Европската Унија и уверување за воспоставување на соработка во сите области кои се во интерес на граѓаните на двете држави.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.