Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски домаќин на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер

Претседателот Стево Пендаровски на 29 и 30 ноември 2022 година ќе биде домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателот Штајнмајер на официјална церемонија ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Штајнмајер и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Германија.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателот Штајнмајер и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

ПРОГРАМА: вторник, 29 ноември 2022 година

• 12:00 часот – Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести
• 12:15 часот – Тет-а-тет средба
• 12:35 часот – Пленарен состанок на делегациите
• 13:15 часот – Заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и претседателот Штајнмајер

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК