10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Спасовски: И во Пробиштип СДСМ е силно и одлучно

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ:

И во Пробиштип #СДСМ е силно и одлучно – заедно со граѓаните на трибина ги потврдивме заедничките заложби што како Влада ги исполнуваме во континуитет. Ветив реконструкција на Одделение за внатрешни работи Пробиштип, денес тоа е реалност. Од 2021 полицијата во Пробиштип има подобри услови за работа, а граѓаните поквалитетни услуги.

И од оваа криза ќе излеземе сите заедно посилни. Владата предводена од СДСМ изминативе две години со 2 милијарди евра помогна на сите на коишто им е неопходно. Особено антикризните мерки дадоа резултати. Вложивме во енергетска транзиција и се стремиме кон економски раст.
Продолжуваме силно и одлучно кон иднината, со нови проекти, нови инвестиции, со поддршка за локалната самоуправа, да работиме во насока на рамномерен регионален развој, за подобар живот на сите граѓани.

Спонзорирано: