Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Наумоски од Витаминка: Цената на маслото за јадење е намалена за 40 денари

Цената на маслото за јадење е намалена за 40 денари, објави вчера директорот на Витаминка, Сашо Наумоски при вчерашната посета на премиерот Димитар Ковачевски на фабриката.

– Цената е падната за скоро 40 денари и ние се трудиме и понатака цената да ја намалиме и да ја донесеме, ако е можно да дојде до цените од пред три години што беа. Цената најмногу зависи на нашиот производ од суровината, вели Наумоски.

Да потсетиме дека литар масло во екот на кризата достигна и 160 денари за литар во Македонија, додека во некои земји на ЕУ се продаваше и по 10 евра од шише.

Можеби ќе ве интересира

„Реплек“ со раст на домашниот пазар од 20% во првиот квартал од годинава и зголемена дивиденда за 25%

ДЕСК

„Стандард и Пур“: Банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се врати на историскиот просек

C +

Евростат: Луксембург најбогата европска земја, Македонија под просекот

C +