Centar.mk
ЛОКАЛНОТОП ВЕСТИвест

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го заглави Скопје, убедливо најлоша локална власт во историјата на градот

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ по една година комплетно го заглави Скопје, се докажа како убедливо најлоша локална власт во историјата на главниот град,

Откако 11 години се изживуваа врз граѓаните, државата, а особено врз градот Скопје, со мегаломанското обезличување Скопје 2014, сега го доведоа во колапс функционирањето на градот.

Не реализираа ниту едно изборно ветување, ги прекинаа започнатите проектите, за кои веќе се обезбедени средства.

Скопје остана без јавен превоз, сите градски комунални претпријатија се соочуваат со проблеми.

Локалните власти ги оставија граѓаните на цедило и не сакаа да обезбедат парно греење за скопјани, но Владата предводена од СДСМ обезбеди греење за Скопје.

Поради неспособната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, Владата ќе ги преземе сите големи и клучни проекти кои се започнати во Скопје и во рамките на своите надлежности ќе ги направи, заради граѓаните, заради скопјани.

Со ВМРО-ДПМНЕ градот Скопје е заглавен, како што 11 години беше заглавена државата.

Можеби ќе ве интересира

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК

Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт

ДЕСК