Centar.mk
ЛОКАЛНО

Четвртоодделенците од основните училишта изминатата недела ја посетија и се запознаа со работата на Општина Центар

Во рамки на предметот Историја и општество, изминатата недела учениците од четврто одделение од сите 8 основни училишта беа во посета на Општина Центар.

Домаќин на овие ученици и нивните одделенски наставници беше градоначалникот Горан Герасимовски кој на децата преку јасни и разбирливи за нивна возраст одговори им ја објасни неговата улога и ангажираност, додека пак вработените од одделните сектори одговараа на серијата прашања поврзани со поставеноста, начинот на функционирање и ингеренциите на општината.

При организираната посета, учениците имаа можност да се запознаат и со работата на Советот, а заедно со Сојузот на извидници на Македонија во Младинскиот центар “Матично” се забавуваа цртајќи и гледајќи кратки едукативни цртани филмови.

Можеби ќе ве интересира

Младински политики по мерка на младите

ДЕСК

Општина Битола распиша конкурс за избор на идејно урбанистичко – архитектонско решение за спортско рекреативна зона – АРМ – Битола

ДЕСК

Завршија градежните работи на централната кујна при ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

ДЕСК