Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МакедонијаВо тренд...

Северна Македонија стана 103-та членка на GFCE, една од најголемите светски мрежи за интернационална соработка и градење на капацитети за сајбер безбедност

По иницијатива на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, Северна Македонија стана 103-та членка на GFCE – Global Forum on Cyber Expertise, во која членуваат и соработуваат владите на најразвиените земји во светот на темата Сајбер безбедност, организации како ОБСЕ, Светска банка, Обединети нации, Европската Унија, Совет на Европа, Интерпол и многу други, како и стопански комори и приватни компании кои работат на оваа тема.

Владата на Северна Македонија со сите министерства и институции кои се посветени на оваа област, во рамките на GFCE ќе работат на четири теми: Политики и стратегии, менаџмент на инциденти и заштита на инфраструктурата од сајбер напади, сајбер криминал, сајбер култура и градење на капацитети.

Преку GFCE ќе се работи на зголемување на меѓународната соработка и координација на Владата и организациите кои даваат поддршка и работат на сајбер темата во Северна Македонија, за што GFCE има изработено платформа за мониторинг и координација на проектите и активностите. Линк: https://cybilportal.org/projects-by?page=country&_sft_country=north-macedonia

Сајбер безбедноста е клучен елемент во одбраната на секоја држава и од исклучително значење за Република Северна Македонија е зајакнување на сајбер безбедноста и сајбер отпорноста, и заедно со меѓународните партнери ќе продолжиме силно да работиме и да се развиваме на оваа тема, за да ги достигнеме ЕУ стандардите на сајбер безбедно општество, штитејќи ги граѓаните и државните системи од сајбер напади.

Линк до секцијата на Северна Македонија на веб-сајтот на GFCE: https://thegfce.org/member/north-macedonia/

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Ова се сите неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично… Прочитај повеќе

Зеленски: Не му дозволуваме на непријателот да ги исполни своите намери, Русија бележи големи загуби

Украинскиот претседател Володимир Зеленски (Зеленски) зборуваше во ново видео обраќање во кое изјави дека ситуацијата на фронтот е многу тешка. – И покрај екстремно големите руски загуби, окупаторите се обидуваат… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе