Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонија

Министер за правда од Владата во 2015 ставил потпис за положениот правосуден испит на Барлет Џафери

Соопштение на Министерството за Одбрана:

Во врска со случајот со Барлет Џафери кој го водеше Државната комисија за спречување на корупција Ве информираме дека согласно евиденционата тетратка за положени кандидати што се води во Министерството за правда и е од трајна вредност, лицето Барлет Џафери има положено правосуден испит на 05.02.2015 година. Потписот за положен правосуден испит го ставил министерот за правда кој ја извршувал функцијата во 2015 година.

Во врска со наводите на ДКСК за немањето документација за положен правосуден испит на Џафери, Ве информираме дека согласно член 27 од Уредбата за канцелариско и архивско работење (“Службен весник на РМ”, бр.01/14), министерот за правда секоја година носи листа на документиран материјал со рокови за негово чување за потребите на Министерството за правда.

Во однос на рокот за чување на документацијата во Министерството за правда, досегашната пракса била документите на кандидатите односно барањата и другата пропратна документација на кандидатите за полагање правосуден испит да се чуваат една година.

Со цел надминување на евентуалните можни злоупотреби околу полагањето на правосудниот испит, Министерството за правда ја разгледа можноста за електронско пријавување на правосудниот испит преку Националниот портал Е-услуги. На тој начин кандидатите ќе ги поднесуваат своите документи по електронски пат.