19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вонредна најава од УХМР: Подгответе се за снег и дожд низ речиси цела Македонија

Од недела под влијание на студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со опаѓање на температурата на воздухот, соопштија метеоролозите.

Ќе има повремени врнежи, кои заради заладувањето во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе бидат пообилни и ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.

На планините и на повисоките места ќе се формира снежна покривка, особено во западните делови.

Спонзорирано: