26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска Стојчевска: Државата и народот се сакаат со дела, а не со сеење страв, ширење лаги, тензии, насилни протести и играње со чувствата

СДСМ е со граѓаните. Ги слушаме и ги следиме нивните потреби. Во време на најголема економска и енергетска криза СДСМ и премиерот Ковачевски имаат решенија за предизвиците и успешно менаџираат со кризата. Носиме исправни одлуки и политики, менаџираме со кризата за полесно да ја пребродиме зимата и да го зачуваме стандардот на граѓаните, порача потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во општина Јегуновце.

Потпретседателаката Бисера Костадиновска Стојчевска истакна дека благодарение на тоа што СДСМ во три наврати ја зголеми минималната плата секој работник годишно добива по 74.827,00 денари повеќе.

Во рок од 4 години просечната плата ја зголемивме за 25%, ВМРО-ДПМНЕ за шест години ја покачија просечната плата за 9%, само за 2 илјади. Растат и пензиите. Од септември годинава пензионерите добиваат повисоки пензи за 900,00 денари во просек или годишно 12.000 денари плус пари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на државата, нагласи Костадиновска Стојчевска.

Потпретседатеката Костадиновска Стојчевска истакна дека во време на криза со мерките на СДСМ се субвенционира струјата за домаќинствата за дури 80% како и за 72.000 компании што вработуваат најголем дел од вработените во државата.

Ако не е таа субвенција од Владата, сметките кои ќе ги добиваат граѓаните би биле 5 пати повисоки. Очекуваме намалување на цените на основните прехранбени производи и до 10%. Тоа нашите граѓани го заслужуваат и тоа е одговорна политика во време на криза, нагласи Костадиновска Стојчевска.

Потпретседатеката Костадиновска Стојчевска направи споредба на тоа каде беше државата пред само 5 години, а каде е денес.

Од земја изолирана, раскарана со соседите, со лоши забелешки во Извештаите на Европската комисија за напредокот на земјата, денес членка на НАТО и земја која преговара со Европската Унија. Денес сме земја која има европски партнери и пријатели. Земја која за ЕУ е кредибилен партнер и сојузник. Земја која е на маса со најмоќните земји на членки на ЕУ. Успеавме да ги отвориме преговорите, со заштитен идентитет и јазик, засекогаш признаени и потврдени во ЕУ, истакна потпретседатеката Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека државата и народот се сакаат со дела, а не со сеење страв, ширење лаги, тензии, насилни протести и играње со чувствата на граѓаните за ситни политички поени, лични интереси и желба за власт.

Сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ потонаа во вода. Немаат доблест ниту се извинат ниту да му честитаат на народот, на граѓаните за овој успех. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат проекти, се фалат со оние што им ги оставија нашите градоначалници. Не е ништо сменето и не знаат да понудат ништо подобро од она што го покажаа во 12 години владеење. Алтернативата ВМРО-ДПМНЕ и ЛЕВИЦА видовте дека ништо добро не донесе за граѓаните. Блокади и опструкции. Тие сакаат назад, ние сакаме напред. Покажавме дека знаеме да ја чуваме Северна Македонија и да ја развиваме на стабилен, просперитетен и современ темел. Заедно со вас сме на иста и вистинска страна, одиме одлучно напред, порача потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во општина Јегуновце.