16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Битиќи од трибината на СДСМ „Силно и одлучно“ од Желино: СДСМ е силна поради различностите, силна поради вербата во едно општество за сите

Потпретседателот Битиќи денеска се обрати на трибината организирана во Желино, дел од караванот „Силно и одлучно“. Потпретседателот на почетокот на трибината се осврна на кризата низ која поминуваме и справувањето со истата.

„Тежок период е, сите ги чувствуваме последиците од кризата, но заедно сме, СДСМ е тука за вас. Само заедно можеме да успееме и ќе успееме, во тоа да бидете сигурни. И тоа додека непоколебливо одиме на патот кон Европската Унија.

Потпретседателот зборуваше и за покачувањето на стандардот на живеење на граѓаните, што е исклучително значајно во оваа криза.
„Во меѓувреме работиме на раст на стандардот, затоа ја качивме минималната плата на 18.000 денари. Која во март ќе има ново покачување, кое ќе го следи растот на стандардот и цените за живот. И за тоа беше борбата, за подобар живот за сите. Просечната плата продолживме да ја зголемуваме и во услови на криза, во септември таа изнесува 31.812 денари.“

Потпретседателот Битиќи на крајот на своето обраќање се осврна на концептот на едно општество за сите кој СДСМ како партија на граѓаните го гради и надградува.

„СДСМ е силна поради различностите, силна поради вербата во едно општество за сите“ – истакна Битиќи

Спонзорирано: