28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Има ли “Black Friday” во Македонија? – неинвентивни кампањи и игри со бројки и проценти, а на крајот цената иста како и претходно

Деновиве трговските центри, големите продажни салони беа преполни со луѓе очекувајќи го Black Friday и попустите, но наместо тоа граѓаните наидоа на тотално неинвентивни кампањи, кои како да се креирани “колку да се одбележи” овој светски “празник” на шопингот, велат познавачите.

Според она што можевме да го забележиме во оние салони кои ги посетивме, попустите се буквално исти како и за почетокот на учебната година, па попустите по повод 11 октовмри…

Стандардно ланец на познати брендови им нуди облека со 20 проценти попуст, попуст кој може да го добијат и секој втор викенд или со нивната специјална картичка.

Слично е и во познатите салони за технологија и телекомункациски уреди, цените буквално се исти како и сите нивни каталози во изминатите месеци. Дури во споредба со лани цените на телевизори, клими, компјутери се и повисоки за модели со слични перформанси.

Компаниите пак кои се занимаваат со мебел и продажба на јоргани, перници, душеци одат со такви “неверојатни” попусти од 70,80,90% и секако веќе видена практика во изминатите години, а цените се повисоки и повисоки.

Во продавниците за прехрана пак Блек фрајдеј како и да нема, бидејќи цените се двојно повисоки од лани.

Граѓаните се разочарани од ваквиот пристап на голем дел од компаниите.