Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утре заедничка вежба на македонските тигри и бугарскиот одред за борба против тероризмот во Охрид

Утре во 12:30 часот, во Охрид, ќе биде реализирана демонстрација на заедничка Оперативно-тактичка вежба „ХАРПУН 2022” од страна на припадниците на Специјалната Антитерористичка Единица „Тигар“ од Република Северна Македонија и Специјалниот одред за борба против тероризмот од МВР на Република Бугарија, во содејство со Одделот за воздухопловни единици при МВР на Република Северна Македонија. Вежбата ќе се одржи на крајбрежјето на Охридското Езеро, до Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро”.

Ова е втора заедничка вежба од ваков вид за оваа година, по вежбата која се одржа во јуни 2022 година во Софија.

На вежбата ќе присуствуваат високи делегации од двете министерства, предводени од министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и заменик министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Венцислав Катинов.

Ги покануваме заинтересираните медиуми да ја проследат демонстрацијата на заедничката вежба, со можност за снимање на инсерти. Изјави за медиуми не се предвидени.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК