Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со Теодор Богоевски, лице со попреченост

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Теодор Богоевски, лице со попреченост и советник за лица со попреченост на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за положбата на лицата со попреченост во земјава, во контекст на заложбите за остварување на нивните права на еднаквост, достоинствен живот и вклученост во економскиот, културниот и општествениот живот во македонското општество.

На средбата, Теодор Богоевски, како лице со попреченост, што му овозможува посебен увид за потребите на овие лица, го запозна Претседателот со неговите досегашни активности, како и со неговите предлози во насока на поголема инклузија на студентите со попреченост.

Претседателот Пендаровски, изразувајќи ја својата поддршка, нагласи дека согласно своите надлежности, во континуитет се заложува да се подобри положбата на лицата со попреченост во нашата држава.

На средбата стана збор и за книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“ чиј автор е Богоевски, а ќе биде објавена на почетокот на наредната година.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА ВО ОХРИД – Во угостителски објект затекнати руски државјанки

ДЕСК

НЕДЕЛА СО СНЕГ И СЕВЕРЕН ВЕТЕР – Температурите во Македонија ќе се движат од минус 3 до 6 степени

ДЕСК

СНЕГОТ СОЗДАДЕ ПРОБЛЕМИ НА ПАТИШТАТА – Забрани за камиони и отежнато движење на планинските превои

ДЕСК