6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Костовски: Да дадеме шанса на истрагата за Онишченко за да се утврди одговорност

„Треба да се лоцира одговорност, но да не брзаме и да дадеме шанса на истрагата за да се утврди точна одговорност. Треба да се види кој и зошто згрешил, а потоа ќе има консеквенци“ изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека никој не бега од одговорност и дека е важно да се детектираат пропустите, да се утврди кој и како згрешил, дали е пропуст во системот, дали е грешка со намера или со некаква лукративна цел.

„Не може да се правиме глуви и неми дека нема пропуст, има. Но ако правиме паралела за безебдносните структури од време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и сега, разликата е во светлосни години. Не е идеално, но разговараме јавно и се утврдува одговорност“ рече Костовски.

Тој додаде дека доколку се утврди одговорност кај директорот на АНБ, Виктор Димовски и тој ќе ги сноси последиците од тоа.

Спонзорирано: