Centar.mk
ЛОКАЛНО

Костадиновска: Нема интерес од Арсовска за реконструкцијата на Универзална сала, проектот ни е спремен и имаме пари

Градоначалничката на Град Скопје не покажуваше никаков интерес да се продолжи со реконструкцијата на Универзалната сала, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24. Според неа, навистина се чувствува нефункционалноста на салата во културниот живот.

-Во 2019 година пари од буџетот, преку Министерството за култура биле префрлени, заедно со писмо за соработка со Град Скопје, за целосна реконструкција на салата, но тоа не се случува. Ние со министерот за локална самоуправа зборувавме со градоначалничката за да можеме да и излеземе во пресрет за реконструкцијата на Универзалната сала, бидејќи парите стојат на сметка, проектот е таму, кажа министерката.

Таа додаде дека, наспроти она што го тврдеше Арсовска на почетокот на годината, проектот е безбеден и потврден од сите релевантни институции.

-Градоначалничката сега треба да ни прати фактичка состојба и потврда дека парите се на сметката на Град Скопје. Овој проект треба да ги надмине сите лични и политички проблеми, бидејќи е од витално значење, рече Костадиновска Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата во Охрид со засилени контроли: Ќе се одземаат возила и ќе следуваат кривични пријави!

ДЕСК

На крајот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта 177 353 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65 192 ученици ја завршиле годината

ДЕСК

За 0.3 % е намален бројот на деца во установите за згрижување и воспитание во 2025 година во однос на 2024 година

ДЕСК