Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Спасовски: Работната посета на Република Австрија ја започнувам тука, меѓу своите, во македонската православна црква „Св. Наум Охридски” во Виена

Фејсбук статус на министерот Оливер Спасовски:

Работната посета на Република Австрија ја започнувам тука, меѓу своите, во македонската православна црква „Св. Наум Охридски” во Виена, место кое нè обединува, како наш македонски белег, дел од традицијата која Македонците тука ја негуваат со години наназад.

Благодарност до нашите граѓани Македонци, исселеници во Виена, за можноста да се видиме и да разговараме за потребите и активностите кои се спроведуваат во насока на подобрување на условите за живот. Особена благодарност до амбасадорот во Виена г. Освит Росоклија и г-ѓа Финка Серафимова Душков, министер советник во амбасадата, за нивните напори да се реализираат сите активности од значење за нашите граѓани тука.
Продолжуваме со средбите со наши граѓани при работните посети во странство во согласност со нашето мото – „Го слушаме гласот на сите, секој еден е важен!”