Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

Во текот на изминатите два дена (16/17.05.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1026 издадени платни налози, 316 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.

„Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило се 34 лицa, од кои девет за возење под дејство на алкохол, 24 за возење без возачка дозвола, еден поради претходно изречена забрана за управување на возило.

Во истиот период одземени се 23 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 164 прекршоци за неправилно паркирање, како и 29 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 107 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и пет пешаци. Исто така санкционирани се 99 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 15 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а четири заради техничка неисправност. Санкционирани се и двајца возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР /Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Македонија шеста најсиромашна земја во Европа – Мицкоски раскажува бајки, вели СДСМ

ДЕСК

Левица: Штедење врз грбот на студентите: Власта ги крати стипендиите за социјалните категории и за одличните

ДЕСК