Со единствена цел секое дете да расте во топол дом и да добие шанса за светла иднина, настанот е со цел промоција на згрижувањето и информирање за бенефитите и условите за истото.
На 23.11.2022 – среда, со почеток во 11.00 часот, на плоштадот Цар Самуил при Општина Ресен, а во 13.30 во салата при локалната канцеларија на АВРМ (Агенција за вработување на Република Македонија) во РЕСЕН, посетете не и дознајте ги придобивките од згрижувањето, како и начинот на кој може да се стане згрижувач.
Националната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село во 26 општини во Републиката во 2022, а е во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства ,,Битола” и “11 Oктомври”, Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи, а овозможена е од страна на Германското министерство за економски развој и соработка.
Настанот е наменет за сите заинтересирани граѓани, со потенцијал да станат згрижувачи, кои преку промотивни материјали и директни консултации со стручни лица, како и самите згрижувачи, можат да се информираат, повеќе за згрижувањето.
Згрижувачите добиваат месечен надомест за згрижено дете (16.788 мкд за секое згрижено дете), надомест за згрижувач, услуга на стручна помош и поддршка преку центри за поддршка за згрижувачки семејства, како и други придобивки, од кои и траен надоместок од државата со навршен стаж од 15 годони згрижувач.
На овој начин, згрижувачите учествуваат во можеби најхуманата активност – заштита на детето, прават вистинска промена и менуваат не само еден живот – но цели генерации. преку што, истовремено ја намалуваат стигматизацијата во општеството за децата во недостиг од соодветна грижа.
На настанот ќе присуствува Градоначалникот на Општина, г. Јован Тозиевски, како и Директорот на Центарот за социјална работа, г. Борче Ристевски, како и претставници од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства Битола, кои се надлежни за општина Ресен и кај кои можете да се обратите со сите дополнителни прашања.
ПОВЕЛЕТЕ, ПОСЕТЕТЕ ГО НАСТАНОТ НА ДЕН, 23.11.2022 година во Ресен на Плоштадот Цар Самуил и во Салата при Агенција за вработување во Ресен (13.30 часот) И ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ КАКО МОЖЕТЕ ДА СТАНЕТЕ ЗГРИЖУВАЧ.
За сите кои се заинтересирани да станат згрижувачи, а немаат можност да присуствуваат на настанот, повеќе информации за тоа како да станат згрижувач, можат да добијат на телефонскaта линија 075/277-477 и веб страната http://www.zgrizuvanje.mk.