5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Бугарските медиуми објавија снимка од нападот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Според снимките од безбедносните камери што ги објави бугарската телевизија БТВ, тројца мажи со маски на лицата фрлаат со предмети, најверојатно камења, кон клубот, при што се кршат прозорците на објектот
Бугарската телевизија БТВ денеска објави снимки од безбедносните камери во близина на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ на кои се гледа нападот на клубот.

Според видеото што го објави телевизијата, тројца мажи со маски на лицата фрлаат со предмети, најверојатно камења, кон клубот, при што се кршат прозорците на објектот.

Вчера бугарските медиуми објавија, а СВР Охрид потврди дека прозорците од просториите на клубот „Цар Борис Трети“ се оштетени. Инцидентот се случил ноќта помеѓу 20 и 21 ноември меѓу 1 и 2 часот по полноќ, кога прозорците на просторијата биле искршени со камења, по што полицијата извршила увид.

По инцидентот, Министерството за надворешни работи на Бугарија во реакција изрази најостра осуда за демолирањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид и порача дека со овој чин на злосторство е извршена уште една омраза врз Бугарите во земјава.

Според заедничкиот протокол од 2017 година, додаваат од бугарското МНР, Скопје изречно се обврзува да ги гарантира правата на Бугарите, со цел да се обезбеди ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и зачувување на културата и идентитетот на бугарската заедница.

МНР на Бугарија со осуда за демолирањето на клубот „Цар Борис Трети“: Според договорот од 2017 година Скопје се обврзува да ги гарантира правата на Бугарите

Спонзорирано: