Верниците на Македонската Православна црква во понеделник на 21 ноември го слават големиот празник Свети Архангел Михаил.
Според црквата, Архангел Михаил е водач на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.
Црковните преданија кажуваат дека ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.
Постојат повеќе народни верувања за овој ангел: тие велат дека овој голем Светец ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе – не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.
Преданијата велат дека Светецот Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја, па затоа на неговиот ден никако не треба да ги избркате сиромашните и просјаците од куќниот праг, бидејќи можеби баш еден од тие просјаци е Архангел Михаил.
Според едно од верувањата се кажува дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет наредната година.