Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ПРВО СОНЦЕ И ТОПЛО ВРЕМЕ, ПОТОА ПРЕСВРТ: Од вторник дожд, грмежи и засилен ветер

За време на викендов и во понеделник времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Во вторник локално, а во среда на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни, проследени со повремено засилен ветер и појава на грмежи. Од четврток времето повторно ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Прогноза за 15.06.2026
Минимална температура: 8°C до 18°C
Максимална температура: 22°C до 34°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Во западните делови ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 50 km/h) од западен правец.

Прогноза за 16.06.2026
Минимална температура: 8°C до 18°C
Максимална температура: 28°C до 35°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен во источните делови.

Прогноза за 17.06.2026
Минимална температура: 9°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 33°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.