11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Синоптичарите излегоа со четири-дневна прогноза: Какво време ја очекува Македонија?

Утре ќе дува засилен, а во источните делови и долж Повардарието повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/час). Попладне и во текот на ноќта ќе има нови врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20 л/м2 за 12 часа).

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Во среда ќе има повремен локален дожд, а од четврток ќе преовладува стабилно време со студени утра и со услови за магла по одделни котлини.

Прогноза за 23.11.2022
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 24.11.2022
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Сончев со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 25.11.2022
Минимална температура: -3°C до 6°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Утрото студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Спонзорирано: