Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТЕШКО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА – Жена во бессознание пренесена на Клиниките, сопругот приведен

Четириесет и двегодишна жена се здобила со тешки телесни повреди по пријавен напад од сопругот во семејниот дом во гостиварско село. Поради сериозноста на повредите, жената во бессознание била пренесена на Клиниките во Скопје, каде што е задржана на лекување.

Според полицискиот извештај, на 27 ноември 2026 година, околу 12:30 часот, 52-годишен маж физички ја нападнал сопругата, при што употребил остар предмет. Случајот претходно го пријавил неговиот татко. На повредената најпрво ѝ била укажана медицинска помош во болницата во Гостивар, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода 52-годишникот во 14:10 часот. Според МВР, при приведувањето давал отпор и физички нападнал полициски службеници, при што повредил еден од нив. За настанот е известен јавен обвинител, а приведениот бил спроведен во Психијатриската болница во Скопје. По документирањето на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес од 4 степени според рихтер почуствуван во Македонија – Сеизмолошка со детали

ДЕСК

АНАЛИЗА: ДЕТЕТО НА БОГАТИОТ НАСЛЕДУВА КАПИТАЛ, ДЕТЕТО НА СИРОМАШНИОТ НАСЛЕДУВА БОРБА – Дали навистина сите почнуваме од иста позиција?

ДЕСК

ДИМИТРИЕВСКИ НЕ ОТСТАПУВА – ЗНАМ очекува лидерска средба во декември

ДЕСК