Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Приведен криумчар на мигранти од Скопје

На 20.11.2022 во 21.30 часот на автопатот Гевгелија-Демир Капија, после тунел „Јаворица“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го лишиле од слобода А.А.(42) од Скопје, затоа што со возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, превезувал двајца мигранти од Сирија.

Претходно, во 20.15 часот на наплатната рампа Смоквица, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото продолжил кон клучка Миравци, се исклучил, па веднаш се вратил на автопатот. По преземени мерки, во 21.30 часот тој бил запрен и лишен од слобода, а набргу кај клучка Миравци биле пронајдени и мигрантите.

Лицето било приведено во полициска станица, додека мигрантите биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +