12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Спасовски за ТВ21: Инвестиравме во опрема и средства за работа на полициските службеници и тоа резултираше со зголемена ефикасност

Министерот Оливер Спасовски во емисијата „Клик плус“ на Тв21 потенцираше дека сите реформи, реновирања на објекти, нови униформи и подобрувања на условите за работа во полицијата освен што се важни за ефикасноста на полициските службеници, се важни за граѓаните подеднакво.

„Ефикасноста на полициските службеници зависи од условите во кои работат, со каква опрема работат и каков е нивниот статус. Паралелно работевме на сите овие аспекти во подобрувањето на условите за работа. Ако имаме задоволни полициски службеници, имаме и задоволни граѓани од услугите кои ги дава полицијата и чувството на безбедност кај секој граѓанин“, потенцираше министерот Спасовски.

Министерот Спасовски рече дека ова раководство на МВР наследило ситуација со нереновирани објекти, одредени објекти стари дури 80 години и одлуката при преземањето на мандатот била унапредувањата на условите за работа да се подигне на стратешко ниво со имплементирани мерки за енергетска ефикасност и заштита на животната средина.

„Работевме на зголемување на платите, на исплата на бонус плати кои претходно се добиваа на суд, работевме на купување на опрема, реконструкција и изградба на нови објекти, нови системи во МВР, се со цел за унапредување на работата на полициските службеници за да имаме поголема ефикасност и подигање на нивото на безбедноста на сите граѓани во државата“, рече Спасовски.

Спонзорирано: