20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНА

Орбан: Загубивме 10 милијарди евра поради санкциите против Русија

Унгарија загуби 10 милијарди евра годинава поради санкциите што Европската унија и ги воведе кон Русија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Како што рече, погрешните санкции на Брисел резултираа со вртоглаво зголемување на цените на енергијата, што доведе до дефицит во унгарската економија од 10 милијарди евра годишно.

„Владата се надева дека економијата на земјата ќе проголта околу шест милијарди од тој дефицит, но буџетот ќе има дупка од четири милијарди“, рече Орбан.

Тој истакна дека оваа сума „ќе исчезне во социјалните трошоци, зголемувањето на платите и даночните намалувања“.

Од таа гледна точка, унгарската политика која бара преиспитување на санкциите воопшто не изгледа претерано“, изјави унгарскиот премиер.

Спонзорирано: