25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Создаваме нова економска визија за европска Македонија

Создаваме нова економска визија за европска Македонија, со цел да имаме држава која е попросперитетна и стабилна, почитувана дома и надвор и која во следните години ќе биде горда членка на ЕУ, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на вечерашната трибина во Охрид под мотото „Силно и одлучно кон идината“.

– Создаваме нова економска визија за европска Македонија, со цел да имаме држава која е попросперитетна и стабилна, почитувана дома и надвор и која во следните години ќе биде горда членка на ЕУ. Тоа е мојата визија за иднината и тоа е мојот план на кој деноноќно работам. Веќе го трансформираме нашиот енергетски систем. Спроведуваме енергетска транзиција, со нашето македонско сонце да ја создадеме Македонија како иден зелен енергетски центар на Европа, рече Ковачевски .

На овој начин обезбедуваме зелена, еколошка и многу поевтина струја но и водиме во процесите за иднината, додаде Ковачевски.
Претседателот на СДСМ и премиер потенцираше дека пред само десет месеци ја презеде одговорната државна функција, во едно тешко и турбулентно време, во кое најсериозниот геополитички конфликт во последните 70 години и една од најтешките кризи за храна и енергија по Втората светска војна.

Притисокот од глобалната криза врз македонската економија беше жесток и незапаметен во нашата понова историја, додаде Ковачевски.

-Сето мое знаење, насобрано преку 22 годишно менаџерско и економско искуство, го ставив на располагање на државата и на македонската економија. Со два пакети антикризни мерки вредни 760 милиони евра успеавме да ја спасиме македонската економија, животниот стандард на граѓаните и бизнисот на компаниите. Покрај сите глобални тешкотии успеавме да обезбедиме доволно храна, енергија и енергенси за оваа зима, рече Ковачевски.