24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска Стојчевска: Нема да дозволиме поигрување со иднината на државата и со нашите сограѓани

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска од трибината под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ во Вевчани порача дека во ова време на криза СДСМ се грижи за граѓаните и за државата.

Не сте сами. Носиме исправни одлуки и политики, менаџираме со кризата за полесно да ја пребродиме зимата и да го зачуваме стандардот на граѓаните, порача потпртседателката Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека во време на светска економска криза СДСМ ја зголеми минималната плата на 18.000 денари, следуваше усогласување на платите во многу сектори каде денеска вработените добиваат повисоки плати и пензиите за 16% во тек на една година.

Ветивме покачување на платите и тоа го реализиравме. За само неколку месеци платите во образованието ги зголемивме за 15 отсто, за 7% платите во високото образование, за 5% раст на платите во МВР, во здравството и во одбраната, наведе Костадиновска Стојчевска.

Таа истакна дека приоритет е квалитетно образование и повеќе можности за младите да останат дома.

Обезбедивме стипендии за студентите, обезбедивме бесплатни ИТ обуки за 1, 253 млади и по 3,000 ден младински додаток за млади до 23 год кои работат и заедно со студентите дојдовме до решение за студетскиот оброк, рече Костадиновска Стојчевска.

За нас, нема празни ветувања, тоа го докажавме со сè што досега постигнавме!! за нас зборот е збор, а вие граѓаните, ни сте на прво место. Ветивме и ја уверувавме јавноста дека нема никаква асимилација и бугаризација да ни се случи со прифаќањето на Францускиот предлог. Така и се случи, го заштитивме и го потврдивме во ЕУ нашиот јазик и идентитет. Достоинствено денес чекориме кон ЕУ, како Македонци кои зборуваат македонски јазик, порача потпретседателката Бисера Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека граѓаните добро знаат кој блокира а кој води напред.