24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Костадинов: СДСМ како државотворна партија, се грижи за сите граѓани и за европската иднина

Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов денеска се обрати пред присутните граѓани на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во Дебар.

СДСМ во своите политики во изминативе години на дело покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани, во време на светска економска криза ја зголемивме минималната плата, со пензионерите договоривме рекордно зголемување на пензиите, а преку два пакети мерки вредни над 760 милиони евра им помагаме на најранливите категории граѓани, истакна Костадинов.

Потпретседателот Костадинов нагласи дека во време на светска криза за храна посебен фокус е ставивен на земјоделството.

Ги исплативме сите неисплатени субвенции кон земјоделците, ги субвенционираме трошоците за набавка на вештачки ѓубрива, а од следната година воведуваме нов поефикасен и поправеден систем на субвенции со цел земјоделците навреме да ги добиваат своите субвенции, порача Костадинов.

Костадинов посочи дека покрај грижата за сите граѓани, СДСМ како државотворна партија, посветено работи и на обезбедување на европската иднина на државата.

По 17 години во чекалната на ЕУ, конечно влеговме во процесот на преговори за членство и тоа како Македонци со заштитен македонски јазик и потврден македонски идентитет, го исполнивме сонот на многу генерации македонски политичари, истакна на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во Дебар потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов.