Од нотарски гаранции и најава за оставка доколку макар еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за промена на Уставот со цел внес на Бугарите, па отстапување од ставот за негласање на Уставните измени со поента дека за истите би се гласало доколку има некакви гаранции стигнавме до повлекување на гаранциите дека ниту еден од пратениците на партијата нема своеволно да гласа за пормена на уставните измени, пишува Пулс24.
Мицковски веќе најавува дека ако се повтори 2019та не е невозможно да гласаат за промена на Уставот неговите пратеници,
Токму ова го изјави Мицкоски денеска во емисијата „Утринско епсресо со Златев и Боцевски“ на Радио Лидер. Претседателот на ВМРО-ДППМНЕ во гостувањето на Радио Лидер изјави дека не може да гарантира дека доколку условно кажано некој им впери „пиштол во главата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ“, некој од неговите пратеници нема да гласа за промена на Уставот.
Коментирајќи ги осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за промената на Уставот, а со цел промена на името, Мицкоски изјави:
-Знаете тогаш што се случуваше. Не велам и сега ако не им се стави пиштол на тие луѓе на глава дека не можат да најдат некои такви како овие што ги носеа за уши да гласаат таму.
Секој човек е подложен на закани и на уцени и на притисоци. Немојте да мислите дека тоа за името тие дојдоа таму и го направија по своја добра воља, вели Мицкоски.
Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски информираше дека вкупно 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на нотар завериле изјави дека нема да прифатат промена на Устав.
„Нема отстапување ниту милиметар од ова, нема чекор назад бидејќи зад нас е сè што имаме, нашето достоинство, чест, и нашата Македонија“, порача Мицкоски.
Во повеќе наврати Мицкоски јавно потенцираше дека нема да се повтори она што се случуваше со уставните измени и промената на името, односно дека нема да има нови пратеници од опозицијата кои ќе ги предадат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
-Првиот браник е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјавите имало пратеници, од раководството итн. Нема такви. Еве јас тука сакам да ја затворам таа тема по цена на мојата професионална и политичка кариера, такви луѓе нема. Јас гарантирам.
Ако гласа некој за промена на Уставот, ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката. Никогаш повеќе нема да се занимавам со политиката ако јас додека сум претседател под овие улови биде променет Уставот, тврдеше неодамна Мицкоски.