Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пенов – Ангелов: ИПА-прекуграничните проекти помеѓу Северна Македонија и Бугарија 100 отсто реализирани

Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, оствари средба со амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов.

На состанокот се разговараше за соработката меѓу Министерството за локална самоуправа и Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, како и за перспективите на процесот на интегрирање на државата во Европската Унија.

Министерот за локална самоуправа истакна дека соработката меѓу двете министерства, надлежни за имплементирање на ИПА-програмата на ЕУ за прекугранична соработка, е на високо ниво. За тоа зборува и високиот процент од 100 % искористеност на средствата од Европската Унија за финансирање проекти во општините во пограничниот регион.

Во втората фаза од ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу двете земји, со вкупен буџет од 19,5 милиони евра, се одобрени 30 проекти, од кои повеќето се и реализирани. Веќе идната недела ќе биде означен и почетокот на третата фаза, во рамките на која ќе бидат организирани нови јавни повици за проекти.

Можеби ќе ве интересира

Ревизорските наоди откриваат наследени проблеми стари повеќе од една деценија – дел се веќе надминати, за останатите активно се постапува

ДЕСК

СООБРАЌАЈКА ВО ПРИЛЕП СО НЕОЧЕКУВАН ЕПИЛОГ – 18-годишник возел мопед без возачка дозвола, па бил уапсен

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ПРИЛЕП – 37-годишен маж агресивно се однесувал кон полицајци, веднаш бил уапсен

ДЕСК