На 26.10.2026 во 12:00 часот на крстосница од ул.„11 Октомври”, „Тризла” и „Браќа Шемкоски”, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода 18-годишен жител на Прилеп.
При извршен увид по претходно случена сообраќајна незгода, во која 18-годишникот управувал мопед, било констатирано дека го управувал мопедот без да поседува возачка дозвола.
По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.


