5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против скопјанец за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.Ј.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 251 од Кривичниот законик. Имено, пријавениот пронашол изгубена платежна картичка на лице од Скопје и, наместо да ја врати, со неа плаќал стоки и услуги во разни правни лица. На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од 14.652 денари.