Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен насилник по распишана централна потерница

На 17.11.2022 во 11.20 часот на ул.„Христо Татарчев“ во населбата Кисела Вода – Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(23) од с.Кондово, скопско.

За него била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување мерка притвор за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот Законик.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено – поправна установа за издржување на мерката притвор.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ не ја напаѓа Владата, туку ги оспорува и оценките на Светската банка и ММФ

ДЕСК

Мицкоски за случајот со „Алта банка“: Државата го следи процесот, граѓаните да бидат спокојни, ќе бидат обештетени до последниот цент

ДЕСК