Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+CentarМакедонијаВо тренд...

Дали за Мицковски е „паразитска” платата од 98.000 денари месечно што ја земал во ЕЛЕМ?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера говореше за висината на неговата плата дека е двојно помала споредувајќи ја со директорските, кои се појавија во јавноста овие денови, а партијата ја нарече оваа афера “паразит”, а дека тој редовен професор на универзитетот и доктор на науки.

Но Мицковски критикувајќи ги директорите со високи плати не спомна дека додека бил директор на ЕЛЕМ имал нето плата од 98.000 денари месечно.

Оваа информација ја потврдија од ЕЛЕМ за ЦИВИЛ медиа.

Како советник пак на Никола Груевски и Емил Димитриев за енергетика во периодот од април 2015 до октомври 2016 година, секој месец добивал хонорар од 1.100 евра, а за вкупниот ангажман Мицкоски добил околу 20.00 евра.

Кога заминува Мицковски од ЕЛЕМ?

Од позицијата генерален директор на државната ЕЛЕМ, Мицковски, на први јуни 2017 поднесе барање за раскинување на договорот како надворешен соработник за енергетика, функција што ја имаше во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ЕЛЕМ истиот ден потврдија дека поднел и неотповиклива оставка од функцијата член на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас, во регионите 1,2,3.

Мицковски се повлече и од Комисијата за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“, за што барањето го доставил до Министерството за животна средина.

Овие советодавни функции Мицковски досега ги извршувал бесплатно.

Како причина за оставките Мицковски ги навел различните политички, економски и енергетски концепти со оние што ги има новата влада.

Додекаод директорската позиција беше разрешен во август истата година.

Антикорупциска отвори случај за хидроцентралите
Антикорупциката комисија во мај 2019 година отвори постапка за Мицковски по информациите дека во време додека бил директор на државната ЕЛЕМ и советник за енергетика на Груевски добил под концесија државно земјиште од 33 илјади метри квадратни за користење води за изградба на хидроцентрали како сопственик на фирмата „Енерготек ДОО Скопје“, но случајот брзо се затвори.

Државната комисија за спречување корупција, овој предмет го отвори по сопствена иницијатива по изјавите во медиумите во однос на доделувањето на концесија за користење вода за изградба на мали хидроцентрали, како и на наводи во однос на средствата со кои се управувале хидроцентралите.

Прашањето на ДКСК беше дали Христијан Мицкоски како советник на влада и управен одбор на ЕЛЕМ имал акти да влијае на донесувањето на одлуки? Одлуката е објавена во јануари 2014 година, а донесена август 2015.

-Во периодот на одлуката Христијан Мицкоски не се јавува како учесник за да има влијание. Мицкоски како советник бил назначен во април 2015 година и во август, а сето ова веќе било завршено, со ова тој не бил член на советот за да влијае на донесувањето одлуки, стоеше во образложението на ДКСК.

Но сепак, Мицкоски се јавува како сопственик и косопственик, но неговото капитално учество се намалува на “Енерготек ДОО Скопје“, а од 2019 тој не е сопственик на ова претпријатие.

Фијаското на аферата “тајни имоти”
Опозициската партија претходно обвини дека високи раководни лица, вкупно 123, системски криеле имот и не го пријавувале во анкетниот лист кој го доставуваат до Државната комисија за спречување корупција.

Аферата започна со обелоденување на имоти на членови во управни и надзорни одбори и директор на јавно претпријатие, а деновиве продолжи со обвинувања кон членови во одбори на основни училишта, кои воопшто не и се познати на јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ помпезно најавуваше дека зад аферата стои премиерот Димитар Ковачевски, но ниту за него, ниту за било кој министер досега не пласирале информации за скриен имот.

„Законите мора да важат за сите. Повторно прашуваме, дали Ковачевски и самиот крие имот, и затоа ги штити функционерите кои истото го правеле, а за кое имаме и признанија?“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на една од последните прес-конференции посветени на аферата.

Од опозицијата обвинија дека „криминалот“ тежел 30 милиони евра и ја повикаа Антикорупциската комисија да ги испита нивните наводи.

Но не само ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Ковачевски и СДСМ исто така повикаа наводите да бидат разгледани и доколку се утврдат пропусти, одговорност да има.

ВМРО-ДПМНЕ ја послуша владејачката партија да поднесе претставка до Антикорупциската комисија, но од она што го кажа пратеникот од опозицијата, Бране Петрушевски, тие претставката ја поднеле против сите функционери кои не ја исполниле законската должност да поднесат анкетен лист до ДКСК. Со ова, се става под прашалник првичната најава на опозицијата за намерно скриен имот, особено што на почетокот на обелоденувањето на аферата тие тврдеа зад неа стојат премиерот и највисокиот владин ешалон, чии анкетни листови се јавно достапни.

С.Танеска

извор: Civilmedia.mk