8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Студентските домови влегуваат во инвестициите за 2023-та, сите ќе се реконструираат

„Во студентски дом, ајварот се чуваше на северна страна на прозорите, од надвор, за да не се расипе. А ако сакаш да отидеш кај другарите кои што ти се во студентски дом, тогаш ќе треба да купиш векна леб и паштета по пат за да не одиш со празни раце. Разговарав со министерот Јетон Шаќири оние студентски домови кои што се наоѓаат во лоша состојба, веднаш во 2023 година да бидат вклучени во планот за инвестиции, за комплетна реновирање на сантираните чворови и на се она што е потребно да се реновира“ изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека во студентскиот стандард не спаѓа само студентскиот оброк, кој го воведе оваа Влада, туку и стипендии и подобро услови за сите студенти.

„Студентскиот стандард не е само студенски оброк, студентскиот стандард значи и стипендии за добрите ученици од средни училишта кои што немаат доволно финансиски средства да студираат затоа оваа Влада ги изедначи стипендиите. Министерството за земјоделие додели дополнителни стипендии во делот на студирањето на факултетите поврзани со Министерството за земјоделие, на Земјоделскиот факултет“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека би го пуштил своето дете во студетнски дом, затоа што таму ќе научи како живеат децата од Македонија кои што секојдневно патуваат од други градови и кои што се борат за својата иднина, да завршат факултет, да станат добри и достоинствени граѓани на Македонија, а кои што ја немаат привилегијата, мама и тато да им готват три пати на ден топол оброк и за време на паузите да седат во топла детска соба.