Centar.mk
ЛОКАЛНО

78 години од формирањето на првата егејска македонска ударна бригада во Битола

Денеска, во Битола се одржа чествување по повод 78 годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада, која беше формирана на 18 ноември 1944 од трите партизански одреди од Воденско, Леринско и Костурско.

Свежо цвеќе пред спомен плочата, положија заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски и градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски, како и претставници на други делегации.

Чествувањето на овој јубилеј беше во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК